Соопштенија/Известувања/Објави

ЈАВЕН ПОВИК зa Формирање на Советот на корисници

ЈУ Центар за социјална работа Крушево врз основа на член 35 од Статут на Јавна Установа за социјална работа Крушево објавува јавен повик за формирање на совет на корисници.
Повеќе

Обезбедуваме социјална сигурност за околу 6.000 повозрасни лица

Со Законот за социјална сигурност на стари лица којшто е дел социјалната реформа и веќе стапи на сила, социјално ги обезбедуваме лицата над 65 години коишто немаат други извори на егзистенција. Месечниот надоместок за овие лица изнесува околу 6.000 денари, а се очекува правото да го искористат околу 6.000 граѓани и граѓанки.
Повеќе

Започна аплицирањето за детски и образовен додаток, ниту едно дете не треба да живее во сиромаштија

Министерството за труд и социјална политика ја проширува достапноста на детскиот и образованиот додаток за 20 пати повеќе деца. Со ова значително придонесуваме за намалување на детската сиромаштија во државата. Освен домаќинствата коишто примаат социјална помош право на овие додатоци ќе имаат и други категории на домаќинства.
Повеќе

Известување на корисниците на правата од областа на заштита на децата

Се известуваат корисниците на правата од областа на заштита на децата - додаток и родителски додаток за трето и четврто дете - дека обновата на документите за продолжување на правата за тековната година е во тек Повеќе

12 деца од семејства во социјален ризик од крушевската општина бесплатно зимуваат во детското одморалиште "Бегова Корија" - Крушево во месец Јануари

Проект за користење бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток.
Цел: развивање на психомоторниот развој на децата и способност за договарање, почитување на разликите и соработка во групи, способност за прифаќање на себеси и другите и ориентација во просторот.
Повеќе

Известување поради временските непогоди

Поради состојбите со снежното невреме објавуваме броеви на кои може да се пријават бездомни лица или лица во ризик, кај кои постои потреба од згрижување и опасност од премрзнување.
Центар за соцјална работа Крушево 075 249 594 и 071 816 210.
Повеќе

Известување за корисниците на социјална помош и постојана парична помош

Се известуваат корисниците на социјална помош и постојана парична помош дека годишната обнова на документацијата ќе се врши во периодот од 26.12.2018 година и ќе трае се до 28.01.2019 година.
Повеќе

49 деца од семејства во социјален ризик од крушевската општина бесплатно ќе летуваат во "Мајски Цвет" - Струга од 12ти до 18ти август 2018 година

Проект за користење бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток.
Цел: развивање на психомоторниот развој на децата и способност за договарање, почитување на разликите и соработка во групи, способност за прифаќање на себеси и другите и ориентација во просторот.
Повеќе

Донесени одлуки за избор на даватели на јавни услуги

По доставени извешати со ранг листа со број 04-175/2 од 21.06.2018 година од страна на комисијата за селекција на кандидати за даватели на јавни услуги, формирана со решение донесено од в.д. директорот на ЈУ ЦСР - Крушево бр. 02-164/3 од 07.06.2018 и по објавениот оглас за вработување на неопределено време со број 04-164/2 од 07.06.2018 година во дневните весници "Нова Македонија" и "Коха", донесени се следните одлуки: Одлука за избор на давател на јавна услуга 02-164/7, Одлука за избор на давател на јавна услуга 02-164/8, Одлука за избор на давател на јавна услуга 02-164/9 , Одлука за избор на давател на јавна услуга 02-164/10

Известување на корисниците на правата од областа на заштита на децата

Се известуваат корисниците на правата од областа на заштита на децата - додаток и родителски додаток за трето и четврто дете - дека обновата на документите за продолжување на правата за тековната година е во тек Повеќе

Буџет на МТСП за 2018 година-повеќе пари за детски градинки и минимална плата, укинати нерационални трошоци

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска одржа прес-конференција на која го презентираше предлог буџетот на Министерството за 2018 година. Со предвидени  43 милијарди 375 милиони и 583 илјади денари, буџетот на Министерството за труд и социјална политика е со највисок износ од сите владини ресори, а најголемиот дел од средствата одат директно кај граѓаните. Буџетот е дизајниран во насока на поддршка на социјално загрозените категории и за инклузија и помош на ранливите групи на граѓани. Имено, над 120 илјади граѓани се корисници на социјални надоместоци во износ од 8 милијарди денари. Повеќе

МТСП активно ќе ја поддржува работата на Националниот совет за безбедност и здравје при работа

Mинистерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на денешната седница на Националниот совет за безбедност и здравје при работа изјави дека активно ќе ја поддржува работата на овој значаен Совет преку Секторот за труд при МТСП, чии капацитети ќе бидат проширени со цел да се одговори на потребите и задачите. Според неа, потребно е членовите на Советот, како ветерани во борбата за подобрување на состојбите со безбедноста и здравјето на работното место,  да даваат свое мислење за сите закони и други регулативи кои се поврзани со оваа проблематика. Повеќе

Oдбележан меѓународниот ден на лицата со посебни потреби - 3ти декември.

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски заедно со В.Д. директорката на Центарот за социјални рбаоти во Крушево Цули Кузманоска беа дел од прославата на меѓународниот ден на лицата со посебни потреби 3-ти декември организиран од Дневниот центар за децата со посебни потреби.Прославата се одржа на 4-ти декември, понеделник, во една од локалните пицерии во Крушево, а Градоначалникот Христоски на децата од Дневниот центар им подели колачи во знак на внимание и гест кон овие деца. Повеќе

Царовска: Секое дете заслужува шанса, секое дете е важно

Поддршката на семејствата и интервенцијата во раниот детски развој е еден од врвните приоритети на Владата, изјави министерката за труд и социјална политка Мила Царовска во своето обраќање на конференцијата „Квалитетно образование - за раст и развој”. Таа потенцираше дека инвестициите во човечкиот развој играат клучна улога во економскиот успех на нацијата. Преку нив се овозможува градење на способна и продуктивна работна сила, и минимизирање на социјалните проблеми. Интервенциите во раното детство ги зајакнуваат спосoбностите на децата за учење, соработката со другите, трпеливоста и развивање на други способности кои се основа за формалното учење и социјалната интеракција во училиштето и надвор од него. Повеќе

Известување за корисниците на Социјална помош.

Се известуваат сите корисници на Социјална парична помош дека законската годишна обнова започнува на 15.11.2017 година и трае до 31.12.2017 година. Повеќе