Известување на корисниците на правата од областа на заштита на децата  

Се известуваат корисниците на правата од областа на заштита на децата - додаток и родителски додаток за трето и четврто дете - дека обновата на документите за продолжување на правата за тековната година е во тек.
Рокот за поднесување на барања за продолжување на правата е заклучно со 31.03.2018 година.
По исклучок за дете корисник на посебен додаток за кое е издаден траен наод од стручен орган, барање за продолжување на правото не се поднесува.